Temishvar2BB

 

Темишвар и Сибиу 2НП 

 

 

 

Temishvar2BB

 

 

1 ден – 05.12.25 – Макаедонија

Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

2 ден – 06.12.25 – Темишвар

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата - поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,... Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор.

Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел. Ноќевање

3 ден – 07.12.25 Темишвар – Замокот Корвин – Градот Сибиу

Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој Замок има непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките.

Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз.

Слободно време за уживање вo Божиќниот пазар. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден – 08.12.25  – Темишвар – Бањи - Скопје

По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи-Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресторан, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа .Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови околу полноќ во Скопје.

 

 

Промо цена до 15.10: 149 евра / 9 240 денари

 

 

Цена на аранжманот: 169 евра / 10 480 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник за време на целото патување
  • Организиран превоз Кочани, Штип и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • - Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар- 5€

    - Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу - 60 €

    - Посета на Термалните бањи Амазониа превоз и влезница - 40 €

    - Туристичка такса-5 еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)

    - Патничко осигурување

Попусти и  доплати:

  • - За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.

    - За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

    - Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд

Напомена:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
  • За ова патување важат општите услови за патување