Saraevo3BB

 

Сараево - 3НП

 

 

Мостар – Зеница – Травник – Вишеград – Мокра Гора

 

 

 

Saraevo3BB

 

 

1 ден – 28.12.24 – Макаедонија - Сараево

Поаѓање за Сараево во 18:30, се петува преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.

2 ден – 29.12.24 – Сараево

Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, Инат куќа, мостовите на реката Миљацка пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија, Катедралата.. Не пропуштајте да го вкусите Саревскиот бурек на  Башчаршија. Сместување во  хотел. Ноќевање.

3 ден – 30.12.24 Сараево – Мостар - Сараево

Појадок. Факултативен излет до Мостар, со попатна посета срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар - град со многу мостови,  сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак, саат кулата.Враќање во Сараево. Слободна вечер во Сараево,каде ќе можете да вкусите “ќебапи во лепиња”,“телетина испод саче”,десертот “туфахија”… Ноќевање.

4 ден – 31.12.24  – Сараево – Зеница - Сараево

Факултативен излет до Зеница-град на челикот, со Средновековна тврдина,Чаршиска џамија на Султан-Ахмед,православната црква Рождество на Пресвета Богородица,Католичката црква Св. Пророкот Илија и Еврејската синагога. Продолжување до градот на џамиите –Травник, каде има прекрасна Шарена џамија или Сулејманија, Зупчастата парна локомотива“Чиро”, Музеј на“Родната куќа на Иво Андриќ”… Враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2025 год. на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе настапува Балканската поп пејачка СЕВЕРИНА и др.музички групи. Ноќевање.

5 ден – 01.01.25  – Сараево – Вишеград – Мокра Гора - Македонија

Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.

6 ден – 02.01.25  – Македонија

Пристигнување во раните утрински часови.

 

 

Промо цена до 30.11.24: 9 950 денари

 

Цена на аранжманот: 11 900 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • превоз со туристички автобус
  • 3 ноќевања со пoјадок во хотел Сонце 4*
  • разглед на Сараево со локален водич
  • попатни посети на Мокра Гора и Вишеград
  • организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • факултативен излет до Мостар=20евра
  • факултативен излет со локален водич до Зеница и Травник=20евра
  • туристичка такса 1 евро по лице по ден
  • влезници за културно историските споменици.

 

Напомена:

  • Рок на пријавување до 20.12.2024 година.
  • За овај аранжман важат општите услови за патување