Budva2RO

 

Будва - 2 ноќевања

 

 

 

Budva2RO

 

 

1 ден – 30.12.24 – Макаедонија - Будва

Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден – 31.12.24 – Будва

Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн. СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА !!!

Ноќевање.

3 ден – 01.01.25 Будва - Дубровник

Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштад – НАСКОРО ПРОГРАМА. Ноќевање.

4 ден – 02.01.25  – Будва – Котор - Маакедонија

Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

 

Промо цена до 15.11.2024: 99  евра / 6 140 ден.

 

 

Цена на аранжманот: 109 евра / 6 760 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • ДУБРОВНИК со вклучен траект на заливот Бока Которска – 30 еу,
  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 15 ЕУ
  • Патничко осигурување -ИНФОРМАЦИИ ВО АГЕНЦИЈА
  • туристичка такса 1,5 еу по ден по лице ( се плаќа во автобус)

НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

 

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалку три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Со оваа програма важат Општите услови на патување.