Малта - 4НП
Авион
1 ден – 30.12.24 – Скопје - Малта
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Малта W6 7765 во 17:10ч. Пристигнување на Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевањe.
2 ден – 31.12.24 – Малта (Валета - Мдина)
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици...Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели... уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2025 година. Ноќевање.
3 ден – 01.01.25 – Малта (Трите града)
Појадок. Факултативен излет до Трите града (Сенглеа, Коспикуа и Виториоса (Бургу)) Ова патување започнуива со панорамски разглед кое ќе не однесе до нашата последна станица; Биргу (Виториоза) каде што витезите го поставиле своето седиште по нивното пристигнување во Малта во 1530 година. Посетата ја вклучува импозантната црква Свети Лоренс и Палатата на инквизиторот. Нашата прошетка потоа ќе не однесе до брегот на Виториоза каде што може да се восхитуваме извонреден панорамски поглед на „Трите града“ и неговите одбранбени линии. Овие градови се познат по својата архитектура, локалните пазари, малите улични кафеани и уникатните фестивали, за вистинско автентично малтешко искуство. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 02.01.25 – Малта – (Островот Гозо)
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Чиркева сместен во најзападниот дел на островот, и потоа со фери – брод заминување кон Гозо островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Двејра. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден – 03.01.25 – Малта - Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. 17:00 трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје W6 7766 во 19:35ч. Пристигнување во Скопје во 21:20 часот.
Цена на аранжманот
Standard пакет = 479 € (29.698,00 мкд) со вклучен 2 разгледи (Валета и Мдина)
Superior пакет = 589 € (34.658,00 мкд) со вклучени 4 разгледи (Валета, Мдина, Трите града и островот Гозо)
Цената на аранжманот вклучува:
- Авионски превоз: Скопје – Малта – Скопје
- Рачна торба или ранец (40x30x20cm)
- Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел Topaz ***, 4 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Валета и Мдина
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Факулативни излети и посети:
- Посета на Трите града 50€
- Посета на островот Гозо 80€
- Патничко здравствено осигурување
- Еко такса 0,5€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот
- Доплата за 1/1 соба 70 €
- Индивидуални трошоци кои не се наведени во програмата, влезници за културно-историските спомениците
Напомена:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување