Venecija2BB

 

Венеција - Верона - Трст 

 

Виченца - Падова - Верона 2НП 

 

 

Venecija2BB

 

 

1 ден – 29.12.24 – Макаедонија - Италија

Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – 30.12.24 – Трст - Палманова

Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање према хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден – 31.12.24 Виченца – Падова - Верона

По појадокот се упатуваме кон градот Виченца, град познат по славниот архитект Паладиа, кој со своите дека обележал цела епоха на градителството, на таканаречениот паладијански стил од 16 век. На целата територија на градот има вкупно 23 негови дела. УНЕСКО ја става Виченца на својата листа на заштита, токму поради неговите потфати. Следува прошетка и разглед: Базиликата Паладиана, плоштадот Piazza dei Signori – катедралата Santa Maria Annunziata – кула со часовник, – Teatro Olimpico. Слободно време за прошетка, кафе и индивидуални активности.

Потоа се упатуваме кон студентскиот град Падова, кој е сликовит град со густи улици, чии аркади се поврзани со големите градски плоштади. Град кој е спој на историјата и модерното време. Следува разглед на централниот дел на градот: базиликата Антоние Падовански, црквата Свети Антоние, Prato della Valle, корзото и плоштадот Кавур… Градот ќе ве воодушеви со своите бројни плоштади, кафулиња, ресторани. Слободно време. Следува враќање во хотел и подготовка за поаѓање кон Верона за дочекот на Новата година.

Во договорено време, групата се чека на рецепцијата на хотелот и потоа се упатуваме кон градот на љубовта – Верона. Градот на Ромео и Јулија, ќе ве освои. Прошетката започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија (бидејќи ќе биде ноќна посета куќата ќе биде затворена и не е предвидено влез во дворот).

По официјалниот дел од програмата, следува слободно време за истражување на градот, кој целиот е украсен во новогодишен амбиент и секако дочек на новата година на кај Арената на Верона со спектакуларен огномет.

Во договорено време враќање во хотел и ноќевање.

4 ден – 01.01.25  – Венеција - Македонија

По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 02.01.2025 (четврток).

 

 

Промо цена : 179 евра / 11 100 денари

Со задолжителна резервација на факултативи од 75 евра по  лице

 

Цена на аранжманот: 209 евра / 12 960 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во областа Венето
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
  • Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Виченца, Падова и Верона (дочек на Нова година на плоштад) – 50 евра
  • Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич – 30 евра
  • Патничко осигурување - 350 денари по лице
  • Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • Задолжителна такса за влез во Венеција 5 евра по лице, се плаќа на лице место

 

Напомена:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ