AzurenBreg3BB

 

Азурен Брег - 3НП

 

 

AzurenBreg3BB

 

 

1 ден – 28.12.24 – Макаедонија

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден – 29.12.24 – Кан

Пристигнување во Кан  во пладневните часови. . Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината... Сместување во хотел. Слободно време за  одмор и индивидуални пррошетки. Ноќевање.

3 ден – 30.12.24 Кан – Сан  Тропе

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.

4 ден – 31.12.24  – Кан – Антиб – Ница – Монте Карло

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)...  потоа продолжуваме со посета на Ница... Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови.  Ноќевање.

5 ден – 01.01.25  – Кан – Ез – Монако - Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето...Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден – 02.01.25  – Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

 

Промо цена до 31.10: 319 евра / 19 780 ден.

 

Цена на аранжманот: 349 евра / 21 640 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Ibis Styles Cannes Le Cannet 3*,во Кан
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Новогодишна посета на Монте Карло (40€)
  • Посета на Ст. Тропе (50€)
  • Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
  • Посета на Ница и Антиб(50€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 170€

  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€

 

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.