Врњачка Бања
1 ден – 06.12.24 – Битола – Врњачка Бања
Состанок на групата на спортска сала во Битола во 23:30 часот. Поаѓање за Србија во 23 45 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден – 07.12.24 – Врњачка Бања
Пристигнување во Врњачка Бања во раните утрински часови . Следува пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
3 ден – 08.12.24 – Врњачка Бања
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА содржините во цената. Ноќевање.
4 ден – 09.12.24 – Врњачка Бања
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на манастирот Жича и тврдината Маглич. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Промо цена до 15.11: 129 евра / 8 000 денари
Цена на аранжманот: 155 евра / 9 610 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Цептер 4* , 2 ноќевања со поjaдок
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- Доплата за туристичка такса 3 евра за 2 ноќи
- Факултативна посета на манастирот Жица и тврдината Маглич 25€
- Доплата за еднокреветна соба 30 евра ден на цената на аранжманот
Напомена:
- Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.