LukovskaBanja2HB

Луковска Бања

 

LukovskaBanja2HB

 

 

1 ден – 07.12.24 – Скопје – Луковска Бања

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 08.12.24 – Луковска Бања

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира доколку дозволат временските услови). Вечера. Ноќевање.

3 ден – 09.12.24 Луковска - Скопје

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Промо цена до 31.10: 149 евра / 9 240 денари

 

Цена на аранжманот: 169 евра / 10 480 ден.

 

Доплати и Попусти:

  • Дете до 6.99- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
  • Дете 6-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 70€/4.340ден
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден за две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
  • Користење на отворено – затворен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
  • Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
  • Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување