ProlomBanaj2HB

Пролом Бања

 

ProlomBanaj2HB

 

 

1 ден – 07.12.24 – Скопје – Пролом Бања

Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 08.12.24 – Пролом Бања

Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден – 09.12.24 Пролом Бања - Скопје

Појадок. Во 10.00час организирана пешачка прошетак до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Промо цена до 31.10: 149 евра / 9 240 денари

 

Цена на аранжманот: 169 евра / 10 480 ден.

 

Доплати и Попусти:

  • Дете до 6.99- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
  • Дете 6-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
  • Трет возрасен на дополнително кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден за две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
  • Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
  • Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
  • Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Факултативата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
  • Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување