Виена
1 ден – 06.12.24 – Македонија - Виена
Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден – 07.12.24 – Виена
Пристигнување во Виена во утринските часови. По пристигнувањето започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден – 08.12.24 – Виена - Братислава
Појадок. После појадокот слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во пладневните часови, можност за посета на Братислава. Прво се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… Поаѓање према Братислава. Разглед на градот со локален водич:средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Следува слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
4 ден – 09.12.24 – Виена - Македонија
Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на Виена…слободно време за индивидуални прошетки и активности. Или факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија. Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). По разгледите во договорено време со водичот поаѓање за Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден – 10.12.24 – Македонија
Пристигнување во Македонија во пладневните часови – зависно од гужвите по граници и сообраќајот.
Промо цена до 05.11: 189 евра / 11 720 денари
Цена на аранжманот: 219 евра / 13 580 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Сместување во хотел со 3* во Виена – околина / 2 ноќевања со појадок
- Лиценциран пратител за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Разглед на Виена со локален водич– 20€
- Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€
- Излет Братислава( превоз, разглед со локален водич, OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF )- 40€
- Задолжително патничко осигурување –информации во агенција !
- Доплата за еднокреветна соба – 60 еу
- Туристичка такса 2€ по ден по лице
Напомена:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да биде валиден минимум 3 месеци од денот на ваќањето.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За патувањето важат општите услови на патување.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).