Загреб
1 ден – 06.12.24 – Македонија - Загреб
Состанок на групата пред спортска сала во 17:00 часот. Заминување во 17:30 часот од Битола, попатнo застанување во Прилеп (бензиска Лук Оил), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници. Попатни одмори и царински формалности преку граничен премин Табановце.
2 ден – 07.12.24 – Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Сместување во хотел доколку има слободни соби, во спротивно сместувањето според правилата на check in ќе биде после 14 часот. Следува панорамско разгледување на градот со локален водич, културно-историските знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак итн…По разгледот сместување во хотел. Слободно време за индивидуални актиновсти и прошетки низ Божиќните маркети кои се наоѓаат во самиот центар. Уживајте во магијата на предновогодишните и божиќните празници. Ноќевање.
3 ден – 08.12.24 – Загреб – Ријека - Опатија
Појадок. По појадокот во договор со водичот поаѓање према Ријека и Опатија.
Ријека е град со идеална географска положба, во Риечкиот залив, дел од поголемиот Кварнерски залив на Јадранското Море. Град во кој низ историјата, архитектите од минатото и на австро-унгарскиот архитектонски стил, оставиле печат, за постепено градот да се претвори во удобен средновековен европски град, со космополитски мирис и вкус. Духот на минатото испреплетен со современите вредности Ве оставаат без здив во секое време од годината. Следува разглед и слободно време за прошетки. По разгледите се поаѓа за Опатија кое е едно од местата со најдолга традиција на туризам во цела Европа. Опатија е град во кој можете целосно да се опуштите и да се поврзете со природата, но и да јадете нешто посебно добро бидејќи гастрономијата во Опатија има добра репутација. Слободно време за прошетки. Потоа се враќаме во Загреб. Ноќевање.
4 ден – 09.12.24 – Загреб – Македонија
Појадок. По појадокот oдјавување од хотел и заминување за Македонија. Попатни паузи и царински формалности до Македонија. Пристигнување во вечерните часови или раните утрински часови на 10.12.2024.
Промо цена до 05.11: 189 евра / 11 720 денари
Цена на аранжманот: 229 евра / 14 200 ден.
Доплата за еднокреветна соба + 60 еу по лице
Дете до 3 години гратис (без легло)
Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 6.140 ден за две ноќевања
Цената на аранжманот вклучува:
- Сместување во хотел во Загреб (околина) / 2 ноќевања со појадок
- Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Посета на Christmas market
- Tуристички придружник за време на целото патување
- Разглед на Загреб со локален водич
Цената на аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување задолжително (Информации во агенција)
- Туристичка такса 2 евра по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус
- Факултатива Ријека – Опатија – 40 еу со локален водич
Напомена:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош, да не биде 3 месеци пред истек.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За патувањето важат општите услови на патување.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).