Bukuresht

 

Букурешт

 

 

 

Bukuresht

 

 

1 ден – 06.12.24 – Скопје - Букурешт

Состанок на групата кај спортска сала Борис Трајковски во 18.30 часот. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2 ден – 07.12.24 – Букурешт

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Следи разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј... По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Вечерта организирана посета на Боќиќниот пазар во Букурешт со организиран превоз и придружник - (Факултатива - 5 евра). Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 08.12.24 Пелен – Бран - Брашов

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран – Замокот на Дракула  и магичното гратче Брашов.

Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови. Ноќевање.

4 ден – 09.12.24  – Термални Бањи - Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за организирана факултативна посета на Термалните бањи лоцирани северниот дел на Букурешт на само 30 км од градот. Термалните бањи се уживање за сите сетила, имаме на располагање 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 водени тобогани. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, орхидеи и ред други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот и за нови незаборавни спомени! Оние кои нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат слободно време во трговски центар. Поаѓање за Македонија во 15:00ч. Пристигнуавање во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

 Промо цена до 15.11: 129 евра / 8 000 ден.

 

Цена на аранжманот: 149 евра / 9 240  ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Разглед на градот Букурешт со локален водич
  • Организација и реализација со туристички придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна вечерна посета на Божиќен пазар, со организиран превоз и придружник - 5€
  • Факултативен излет Дворците на Трансилванија: посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (влезницата за замокот не е вклучена, цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 45€ - студенти 35€
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45€ превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 4 евра по лице (доплата на лице место)

 

Напомена:

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ