Краков
1 ден – 06.12.24 – Скопје - Краков
Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден – 07.12.24 – Краков
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на Еврејскиот кварт, посета на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Слободен Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 08.12.24 – Краков – Аушвиц - Биркенау
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO).
По завршувањето на разгледот доколку има можност и време - посета на трговски центар. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден – 09.12.24 – Краков - Скопје
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија во претпладневните часови на 10.12.2024 (вторник).
Промо цена: 159 евра / 9 860 денари
СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 90 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!
Цена на аранжманот: 189 евра / 11 720 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков
- Организиран разглед на Краков
- Организација и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
Цената на аранжманот не вклучува:
- Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau - 40 евра
- Факултативен разглед на градот со локален водич – 15 евра
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka - 45 евра
- Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
Напомена:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ