Атина
1 ден – 06.12.24 – Скопје - Атина
Состанок на групата во 20:30 пред хотел Русија во Аеродром. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2 ден – 07.12.24 – Атина - Глифада
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.
Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.
Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
3 ден – 08.12.24 – Атина – Корнит - Пелопонез
Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).
Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.
Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина.
4 ден – 09.12.24 – Атина – Сунион - Македонија
Појадок.
Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.
Промо цена: 139 евра / 8 620 денари
Цена на аранжманот: 159 евра / 9 860 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотелот London 3* во Глифада
- Организиран разглед на градот со локален водич
- Организација и водство на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
- Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
- Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
- Патничко осигурување
Напомена:
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
- За сингл соба цената изнесува 164 евра
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.