TRIKALA 2024

 

Трикала и Метеори

 

 

термини: секоја сабота и недела во

 

периодот од 30.11.2024 до 29.12.2024

 

 

TRIKALA 2024

 

     Мелницата на џуџињата во Трикала беше лансирана од општина Трикала со голем успех во 2011 година и веќе во 2014-15 година со 1.000.000 посетители, докажа дека успехот е загарантиран.

    Тие избраа магично место… старата „Мацопулос воденица“ и создадоа прекрасно село топло и пријатно и го претворија во бајка…

 

                                                                     Одбројувањето започна!!!

    На 29.11.2024 ќе оживи убавата Божиќна приказна во Трикала, за сите деца и за оние што во душата останаа деца... Дозволете и на фантазијата да ве понесе на своите крила и да Ве однесе во светот на бајките... Сите можни чуда во светот на бајките живеат... Она што никогаш не се менува, е нашата филозофија на едно прекрасно дружење... Сите ќе ги најдете тука: Дедо Мраз, Елфовите, Џуџињата... Тука е панорамското тркало, каскадната лизгалка, лизгалиштето, работилницата за правење на колачи, фабриката за чоколади... И сета оваа магија ќе трае до 05.01.2025 год.

     Ајде и ние да бидеме еден мал дел од неа... А како подарок добивате посета на Метеори (манастири ни на небо ни на земја)...

 

Цена: 1 400 ден. за возрасни и 1200 ден. за деца

 

Термин: секоја сабота и недела во периодот од 30.11.2024 – 29.12.2024

 

 

Планирано поаѓање од Битола во 06:00 часот од Селска автобуска станица. Прво се посетуваат Метеори и тоа Големиот манастир или манастирот Варлаам (планирано околу 2 часа да се задржиме таму).

Во договорено време се упатуваме во работилницата каде се изработуваат икони, разни сувенири, подароци…. Се прави кратка презентација и патниците ќе имаат слободно време за пазарување во продавницата. Слободно време за ручек.

Околу 15 часот планирано време за поаѓање кон божиќното село во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према Македонија околу 19:00 часот. Пристигнување во вечерните часови.

 

Можност за транфер од Струга и Охрид (800 ден. повратен билет) и Ресен и Прилеп (600ден. повратен билет) ако станува збор за група од над 6 патници *

 

Напомена:

    • ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3 евра, задолжително носење на сукња за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата
    • За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А. ДИМЕ ТУРС.
    • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 патници
    • Крајниот рок за извествање на евентуален отказ е два дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
    • Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.
    • Паузите и застанувањето на freeshop (на граница) ги организира организаторот во зависност од условите во сообраќајот.