Vila Katerina

 

 

 

 

Вила Кaterina се наоѓа во Неа Потидеа на самa  плажа (прв ред) на најубавиот дел од плажата. Студијата и апартманите имаат крпи, сапун и тоалетна хартија. Користење на: клима уред 5€ од ноќ, wi – fi ( бесплатно).

Координати: 40.195431,23.33216

 

 

Вила „Katerina“ – Неа Потидеа

Период

Ноќи

1/4 стд бр.2, бр.3, бр.4 и бр.5 (поглед море)

1/2+2 апп бр.1;  1/2+1+дете бр.6;     1/3+1+1 бр.7 (градина)

16.05.2027 – 23.05.2027*

7

79

79

23.05.2027 – 30.05.2027*

7

109

119

30.05.2027 – 06.06.2027*

7

139

149

06.06.2027 – 13.06.2027*

7

159

169

13.06.2027 – 20.06.2027

7

409

409

20.06.2027 – 27.06.2027

7

459

459

27.06.2027 – 04.07.2027

7

499

499

04.07.2027 – 11.07.2027

7

519

519

11.07.2027 – 18.07.2027

7

609

609

18.07.2027 – 25.07.2027

7

609

609

25.07.2027 – 01.08.2027

7

609

609

01.08.2027 – 08.08.2027

7

609

609

08.08.2027 – 15.08.2027

7

609

609

15.08.2027 – 22.08.2027

7

569

569

22.08.2027 – 29.08.2027

7

479

479

29.08.2027 – 05.09.2027*

7

219

229

05.09.2027 – 12.09.2027*

7

189

199

12.09.2027 – 19.09.2027*

7

159

169

19.09.2027 – 26.09.2027*

7

129

129

Цените означени со црвена * се однесуваат по лице со превоз.
Цените без * се однесуваат за наем на стд/апп.

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на студијата и апартманите:

Стд 1/4 бр.2, 3, 4 и 5 се 1/4 за 4 лица - еден дупли кревет и 2 поединечни  кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо, стандардно купатило и вц. Има комарници и ролетни. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море на 1 кат.

Апп бр.1 е 1/2+1/2 за 4 лица – со една спална соба во која има два поединечни кревети кои можат и да се спојат, плакар за алишта, клима уред  и излегува на тераса со поглед во двор на 1 кат. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, аспиратор. Во истата просторија има еден дупли кревет. Има комарници и ролетни. Апартманот има стандардно купатило и вц.

Апп бр.6 е 1/2+1+ 1дете за 4 лица – со една спална соба во која има два поединечни кревети кои можат и да се спојат, плакар за алишта, клима уред  и излегува на тераса со поглед во двор на 1 кат. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, аспиратор. Во истата просторија има софа на развлекување за 1 возрасен и 1 дете. Има комарници и ролетни. Апартманот има стандардно купатило и вц.

Апп бр.7 е 1/3 +1+1 за 4+1 лица - сплана соба во која има три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред излегува на тераса со маса и 4 столици, со поглед во двор. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, аспиратор и во истата има кревет на спуштање наменет за 1 лице или максимум за две мали деца до 06 год. Има комарници и ролетни. Апартманот има стандардно купатило и вц.

Напомени:

    • За пакет аранжманот во СТУДИО - АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
  • Трето, четврто и петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат.
  • Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус.
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 евра по лице.
  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
  • Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со звездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна доплата на аранжманот е 21 пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА или АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

Студијата имаат: крпи, тоалетна хартија и сапун.

Превоз:

  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште)

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР:
БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30€ ПО ЛИЦЕ- ПОВРАТНА КАРТА
ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА

 

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД

Град

Место на тргнување

Време

Куманово

Бензинска пумпа Макпетрол

03:00 часот наутро

Скопје

Спортска сала Борис Трајковски

04:00 часот наутро

Велес

Мотел Македонија бенз.Мак.Оил

04:30 часот наутро

Кочани

Основен Суд

03:15 часот наутро

Штип

Нова Пошта

04:00 часот наутро

Неготино

Бензинска пумпа Макпетрол

05:00 часот наутро

Гевгелија

Бензинска пумпа Окта-Шимов

06:00 часот наутро

Доплата за трансфер: 25 € по лице од Прилеп и 30 € по лице од Битола

Прилеп

Бензинска пумпа Лукоил

04:00 часот наутро

Битола

Спортска сала

03:15 часот наутро

 

 

 

 

Vila Kostas

 

 
 

 

 

 

Вила Kostas лоцирана во најубавиот дел, во центарот на самото шеталиште во Неа Потидеа, на само 10-15 чекори до плажа. Студијата и апартманите се максимално коректно уредени и опремени, на 1 и на 2 кат, со погледн кон улица или со директен отворен поглед кон море. Сите имаат комплетно опремени со основни елементи, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената.

Координати: 40.195430, 23.333069

 

Vila Костас – Неа Потидеа

Вонсезонски цени

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

29.05.2027 – 05.06.2027

7

149 x 2

65 * 2

05.06.2027 – 12.06.2027

7

189 x 2

65 * 2

12.06.2027 – 19.06.2027

7

219 x 2

65 * 2

19.06.2027 – 26.06.2027

7

279 x 2

65 * 2

* цена по лице со вклучен превоз задолжително за сите патници постари од 1 година

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Сезонски цени

Ноќевања

1/3 студио

1/3 студио SV

1/4 стд SV;                   1/4 дуплекс улица

26.06.2027 – 03.07.2027

7

529

619

669

03.07.2027 – 10.07.2027

7

569

649

699

10.07.2027 – 17.07.2027

7

599

679

729

17.07.2027 – 24.07.2027

7

629

719

799

24.07.2027 – 31.07.2027

7

679

769

869

31.07.2027 – 07.08.2027

7

679

769

869

07.08.2027 – 14.08.2027

7

679

769

869

14.08.2027 – 21.08.2027

7

639

729

799

21.08.2027 – 28.08.2027

7

609

699

729

* цена за наем на студио

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Вонсезонски цени

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

28.08.2027 – 04.09.2027

7

279 x 2

65 * 2

04.09.2027 – 11.09.2027

7

229 x 2

65 * 2

11.09.2027 – 18.09.2027

7

199 x 2

65 * 2

18.09.2027 – 25.09.2027

7

149 x 2

65 * 2

* цена по лице со вклучен превоз задолжително за сите патници постари од 1 година

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

-Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

 МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на сместувањето:

Бр. 2 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет во иста просторија со кујната и брачен - француски кревет во спална соба.

Бр. 4 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 5 (трикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и посебно одвоена кујна.

Бр. 8 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 12 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 13 (трикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и посебно одвоена кујна.

Напомени:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
  • За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
  • Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,720 денари (60 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.790 денари (45 евра)
  • Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 ноќевања.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од матичната агенција. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • На денот на пристигнување, за гостите во вилите, вработените од агенцијата ќе бидат на располагање до 16ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на вилите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
  • Категоризацијата на објектите не е во надлежност на агенцијата туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
  • За информациите добиени од вработените на агенцијата, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, агенцијата не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат од страна на самите патници.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
  • Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.

 

 

 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk