Vila Kostas

 

 
 

 

 

 

Вила Kostas лоцирана во најубавиот дел, во центарот на самото шеталиште во Неа Потидеа, на само 10-15 чекори до плажа. Студијата и апартманите се максимално коректно уредени и опремени, на 1 и на 2 кат, со погледн кон улица или со директен отворен поглед кон море. Сите имаат комплетно опремени со основни елементи, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената.

Координати: 40.195430, 23.333069

 

Vila Костас – Неа Потидеа

Вонсезонски цени

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

29.05.2027 – 05.06.2027

7

149 x 2

65 * 2

05.06.2027 – 12.06.2027

7

189 x 2

65 * 2

12.06.2027 – 19.06.2027

7

219 x 2

65 * 2

19.06.2027 – 26.06.2027

7

279 x 2

65 * 2

* цена по лице со вклучен превоз задолжително за сите патници постари од 1 година

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Сезонски цени

Ноќевања

1/3 студио

1/3 студио SV

1/4 стд SV;                   1/4 дуплекс улица

26.06.2027 – 03.07.2027

7

529

619

669

03.07.2027 – 10.07.2027

7

569

649

699

10.07.2027 – 17.07.2027

7

599

679

729

17.07.2027 – 24.07.2027

7

629

719

799

24.07.2027 – 31.07.2027

7

679

769

869

31.07.2027 – 07.08.2027

7

679

769

869

07.08.2027 – 14.08.2027

7

679

769

869

14.08.2027 – 21.08.2027

7

639

729

799

21.08.2027 – 28.08.2027

7

609

699

729

* цена за наем на студио

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Вонсезонски цени

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

28.08.2027 – 04.09.2027

7

279 x 2

65 * 2

04.09.2027 – 11.09.2027

7

229 x 2

65 * 2

11.09.2027 – 18.09.2027

7

199 x 2

65 * 2

18.09.2027 – 25.09.2027

7

149 x 2

65 * 2

* цена по лице со вклучен превоз задолжително за сите патници постари од 1 година

Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

-Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

 МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ

 

Опис на сместувањето:

Бр. 2 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет во иста просторија со кујната и брачен - француски кревет во спална соба.

Бр. 4 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 5 (трикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и посебно одвоена кујна.

Бр. 8 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 12 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 13 (трикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и посебно одвоена кујна.

Напомени:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
  • За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
  • Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,720 денари (60 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.790 денари (45 евра)
  • Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 ноќевања.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од матичната агенција. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • На денот на пристигнување, за гостите во вилите, вработените од агенцијата ќе бидат на располагање до 16ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на вилите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
  • Категоризацијата на објектите не е во надлежност на агенцијата туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
  • За информациите добиени од вработените на агенцијата, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, агенцијата не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат од страна на самите патници.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
  • Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.

 

 

 logo small  
Адреса: Столарска, Локал 8 Комплекс БЕЗИСТЕН
Битола 7000 Македонија
Телефон: +389 47 609 202
Мобилен: +389 78 662 760
За итни случаеви: +389 75 590 372
e-mail: dimeturs@gmail.com
Website:
www.dimetours.mk