Лето 2024 * Лето 2024 *                                       &nb Повеќе детали
Vila Maria Pontoy Vila Maria Pontoy   10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.01.2023   {phocagallery view=category|categoryid=1623|limitstart=0|limitcount=0|imag Повеќе детали

Vila Alcano

 

 -7% попуст за целосна уплата до 28.02.2023

 

 

 

 

Vila Alcano се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare“.Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата „Alcano“ е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас„Alcano“ (имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Координати на вилата: 40.092636, 23.786845

Nea Marmaras   Vila Alcano

Важни напомени

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.


Доплата за туристичка такса во Грција – 0.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција).

Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неос Мармарас.
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.

Цена на повратен билет = 45 евра. Деца од 2 – 11,99 = 35 евра. Цена во еден правец 30 евра.  Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.