СИВОТА

Sivotaa.jpg За Сивота може да се каже, дека претставува една од ретките а сеуште ненарушени природни убавини на Грција. Како мало село покрај брегот на префектурата Епир, се наоѓа на самиот пат од Игуменица за Парга. Доколку барате мирно место за одмор, кое ги има сите потребни услови и понуди, а сеуште живее со традиционалниот начин на живот, тогаш сигурно ќе го најдете во Сивота. Престојувајќи во Сивота, всушност имате можност да ги согледате вистинските природни особености на јонскиот брег. Големиот избор на преубави плажи, мали островчиња, пловење до нив со чамец, традиционални гостилници, специјалитети на медитеранската кујна, идилични пејсажи... и многу повеќе, се секојдневната слика на можности кои ве очекуваат. Романтичниот ноќен живот, во мирното крајбрежно место, навечер го збогатуваат музиката и разговорите во низата ресторани и кафетерии за забава.

 

Julia                               Long Summer                                Xanti

 

 

   

Dalas

Barbara

Apolon

 

Hara