ПАРГА

Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

 

Bellos                             Mathias                      Mathina
         
Vila Fiore   Diogenis   Marietta
         
Jota   Nakos   Lemoni
         
Olga   Sifakis   Oliva
         
Sakis   Kristofer   Elpida
         
Dimas   Alkyon   Tekli